DSpace/Manakin Repository

1st International Online Conference on Digital Transformation in Culture and Education

1st International Online Conference on Digital Transformation in Culture and Education

 

Во организација на Библиотекарското здружение на Србија, Секција за дигитална трансформација на библиотеките од 14 до 16 април се одржа Првата меѓународна онлајн конференција за дигитална трансформација во културата и образованиет https://digital.bds.rs/conference-2021 Конференцијата ја отвори Кристин Мекензи, претседателка на ИФЛА, а фокусот беше ставен на теми како ИТ инфраструктура во институциите од културата и образованието, дигитализацијата и дигиталните колекции, веб и социјалните мрежи, електронските каталози и апликации, професионален развој во дигиталната ера и друго. Во текот на конференцијата преку Zoom платформата своите трудови ги претставија 53 автори од 24 земји меѓу кои САД, В. Британија, Русија, Холандија, Италија, Полска, Белорусија, Хрватска, Словенија, Грција, Романија и др. На првиот ден од конференција во рамки на секцијата Дигитални колекции се претстави и Центарот за дигитализација при НУ НУБ „Св. Климент Охридски “ Скопје. Во презентацијата „Италијанската дигитална библиотека во Северна Македонија - Biblioteca digital e italiana in Macedonia del Nord (БИМ)“ претставена беше најновата дигитална колекција достапна преку порталот на Дигиталната библиотека на Македонија (dlib.mk), која заедно со останатите збирки е составен дел од највредната дигитална колекција на библиотечни фондови во државата. Конференцијата ја следеа преку 300 посетители на платформата, а имаше и преку 1300 прегледи на YouTube каналот. Презентацијата на англиски и македонски јазик е достапна на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=dH145xnwTM4/view href=" https://www.youtube.com/watch?v=dH145xnwTM4//view