• За нас

За нас

Компјутер со книги

Дигиталната библиотека при НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје преку својот портал Dlib.mk, на своите посетители им овозможува пристап до различни библиографски содржини како што се книги, ракописи, списанија и периодични публикации, статии, географски карти, ноти, научни извештаи, проекти и тн.

Порталот Dlib.mk, пред сe, има за задача да зачува, презентира и дистрибуира најразлични библиографски содржини во дигитална форма како дел од програмата за заштита на културното наследство и промовирање на нашата култура во јавноста.

Од Ноември 2013, врз основа на партнерски договор за соработка, Dlib.mk прерасна во Дигитална библиотека на Македонија. Со овој чекор се овозможи и други институции да се вклучат во процесот на дигитизација со минимална инвестиција. НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ја превзема обрската за дигитизација на редок библиотечен материјал, хостирање и одржување на содржините и изработка на мета-податоци. На тој начин, институциите членки во Dlib.mk имаат можност да ги претстават на пошироката јавност сите материјали од своите збирки кои што се од особено значење за културата, уметноста и науката. Во исто време, институциите значително ги намалуваат своите трошоци за инфрастуктура и човечки ресурси.

За повеќе информации како да станете член во Dlib.mk, посетете ја страната за Најчесто поставувани прашања или преку страната за Контакт.

Контакт информации:

  • Адреса: Бул. „Гоце Делчев“, бр. 6
  • Телефон: +389 (0)2 3230 151 лок. 205

 Споделете

Прегледај

Мој профил

Следете нѐ