Опцијата „Прегледај“ која се наоѓа во сивото поле од десната страна, ви овозможува преглед според следниве критериуми:
За да пребарувате во целиот Dlib.mk, користете го полето за пребарување кое се наоѓа во горниот десен агол или полето за пребарување во средината на почетната страница од било која клекција или збирка. Потоа ќе бидете одведени на страницата со резултати и опции за напредно пребарување, т.е. филтрирање.
Освен внесената вредноста во полето за основно пребарување, на страницата со резултати имате можност да ги филтрирате истите заради поголема релевантност. Достапни филтри за напредно пребарување и ограничување на резултати се следниве:
Со секој филтер исто така, може да се користи и еден од следниве оператори: „содржи“, „ист“, „не содржи“, „различен“, „идентификатор“ и „без идентификатор“. Откако ќе одберете филтер и оператор, потребно е да притиснете на копчето „ажурирај“ за промените да се аплицираат.
Колекциите може да содржат неограничен број на потколекции и збирки во Dlib.mk. Колекциите може да бидат организирани по тема, или по тип на информација (како работни документи или сет од информации) или по било кој друг начин на сортирање кој збирката го избрала корисен за организација на нејзините записи. Колекциите имаат различни полиси и работни процедури.
Секоја колекција и збирка во Dlib.mk има своја почетна страница која прикажува информации, новости, линкови и лиценца под која нејзините записи се достапни за јавноста.
Матична колекција за секој запис е според типот на материјал, односно според вид на граѓа. Потоа записите може да се мапираат во останатите колекции според содржина.
Сите материјали и записи објавени на Dlib.mk, освен доколку не е поинаку наведено, се објавени под Криејтив Комонс лиценца НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела (CC BY-NC-ND). Дополнително, секоја колекција, потколекција, збирка и запис може да имаат сопствена засебна лиценца. Правото на користење се наследува последователно според следнава структура:
Длиб.мк/ ├── колекција1/ │ └── потколекција1/ │ └── збирка1/ │ └── запис1 └── колекција2/ └── збирка2/ └── запис2
Последната наведена лиценца има предност пред претходно наведените лиценци, на пр.: ако некој запис има објавено лиценца што гласи „забрането споделување“, тогаш таа лиценца има поголема важност без разлика како гласат лиценците на матичната збирка, потколекција, колекција или генералната лиценца на Порталот Dlib.mk.
Вашите коментари, забелешки и препораки се повеќе од добродојдени!
Доколку имате дополнителни прашања или сакате да добиете повеќе информации, може слободно да ни се обратите преку страницата за контакт.
Dlib.mk и НУБ „Св. Клиемент Охридски“ - Скопје, ги објавуваат материјалите од сопствените фондови во согласност со законот за авторски и сродни права на Република Македонија. Доколку сметате дека има прекршување на одредени права на автори или трети страни, Ве молиме да нѐ известите преку страницата за контакт со следниве информации наведени во контакт формуларот:
Dlib.mk и НУБ „Св. Клиемент Охридски“ - Скопје се обврзуваат да ја разгледаат Вашата пријава и во најкраток можен рок официјално да Ве исконтактираат, при што ќе биде од Вас побарано да доставите докази како основа на пријавата.
Последна промена: 30.06.2015